Какво време не очекува утре ?
Додадено на 04-11-2014 во ИНФО
Времето утре ќе биде променливо облачно. Во утринските часови ќе има појава на магла и ниска облачност која понекаде ќе се задржи и претпладне. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Утринските температури од 2°C до 11°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 9°C до 17°C.