СВЕТСКИ ДЕН НА ЧОКОЛАДАТА
На 7 јули се одбележува Европскиот ден на чоколадото. На овој датум во 1550 година од Јужна Америка во Шпанија е доставена првата серија какао зрна.
Ацтеките се првите луѓе во светот, кои произведувале прехранбен производ од какаото – нарекувајќи го „храна на боговите“. Зборот „какао“ доаѓа од нивниот јазик, а Шпанците го пренесуваат во Европа. Чоколадото се произведува од какао, кое се добива од плодовите на дрвото Theobroma cacao во Јужна Америка. Theobroma значи „храна на боговите“. Во Европа какаото е пренесено за првпат во Шпанија дури во 16 век, иако неговата употреба како храна и лек потекнува од пред повеќе од 1400 години.