ПОЧЕТНА » ИНФО » ФОТО: Јахтата на Стив Џобс

ФОТО: Јахтата на Стив Џобс


Додадено на 02-11-2012 во ИНФО

Година дена по смртта на Стив Џобс, основачот на Apple, завршена е неговата јахта долга скоро 80 метри. Луксузниот брод е направен од лесен алуминиум, а изгледа како продавница на Apple.

 

 

Џобс со години работеше на дизајнот на својата јахта, но не успеа сам да ја доврши и да се повози со неа. Јахтата ја заврши една холандска компанија.

Бродот се управува од мостот кој е опремен со iMac компјутери со 27 инчни екрани, а дизајнот е едноставен и елегантен.

-Знам дека е можно да умрам и да ја оставам Лорен со недовршен брод. Но, морам да продолжам понатаму. Ако не продолжам, тоа ќе биде признание дека наскоро ќе умрам, вели Џобс во неговата биографија, која ја објави Walter Isaacson

 

 

За жал, тој почина во Октомври минатата година и не успеа да го види резултатот на својата долгогодишна работа. Фотографиите од јахтата ги објави холандскиот блог "One More Thing", а истакнуваат дека бродот му припаѓа на семејството на Џобс кое ќе одлучи што ќе направи со неа.

 

 

Наводно, неговото семејство на сите работници кои учествувале во изградбата на бродот им подарило iPod Shuffle mp3 player, како и писмо за заблагодарување. Се уште не е познато кога јахтата на Џобс ќе заплови за прв пат.