ПОЧЕТНА » СПОРТ » Вардар Про, Генинген и Веспрем во трка за ракометарот Наумче Мојсовски

Вардар Про, Генинген и Веспрем во трка за ракометарот Наумче Мојсовски


Додадено на 04-03-2013 во СПОРТ

На македонскиот ракометар Наумче Мојсовски наскоро му завршува договорот со Металург, па покрај неговиот сегашен клуб кој сака да го задржи, во трка за него се уште три клуба.

Во текот на оваа недела веројатно ќе се знае каде Наумче Мојсоски ќе ја продолжи својата кариера. Освен што Металург сака да си го задржи својот играч, исто така и Вардар Про, Генинген и Веспрем се заинтересирани за него, пишува Дневник.

Неделава ќе имам разговори со Металург. Сепак тука играм и би било фер со нив прво да разговарам. Потоа би дошол Вардар. Од Унгарија добив конкретна понуда за две годишен договор. Тој е навистина одличен и подобра од сегашниот. Но, нема да решаваат само парите при изборот на клубот. Што се однесува до Германија, откако добив понуда од Веспрем малку се „оладив“ за Генинген, вели Мојсоски за „Дневник“.