ГРАДИНКАТА ФЕМО КУЛАКОВ УТРЕ НЕПРЕЧЕНО ЌЕ РАБОТИ
„ Родителите кои што имаат потреба од згрижување на нивните деца утре, ќе можат да ги донесат своите деца во двата клона на детската градинка „ Фемо Кулаков “ во Неготино. Градинката ќе функционира без никакви отстапки, ќе работи како и секој вообичаен работен ден, а денот ќе биде исполнет со бројни активности на вработените со дечињата “- вели директорката на детската градинка Фемо Кулаков од Неготино, Весна Нацева. Како што соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика сите градинки во Македонија утре непречено ќе функционираат и ќе ги згрижуваат сите дечиња на кои му е потребно.