ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » Едукација на социјалните работници за семејство и брак

Едукација на социјалните работници за семејство и брак


Додадено на 29-10-2013 во МАКЕДОНИЈА

 

 
Регион - Кавадарци
Понеделник, 28 Октомври 2013 13:08
 

 

На стручните работници од центрите за социјални работи Кавадарци, Битола и Прилеп денеска им се презентира програмата за работа на советувалиштата за  семејство и брак,  со цел подготвени да започнат да работат, откако  до крајот на годината или најдоцна до првата половина на следната, ќе профункционираат  единаесет  регионални советувалишта за брак и семејство.

 

„ Регионалните центри ќе ги покриваат и регионите на помалите центри за социјали работи,  за да можат сите кои имаат потреба од ваква услуга да добијат.  Она што е значајно, јакнењето на компетенциите  на стручните работници преку овој тип на обука од Заводот кој ја води тренинг програмата за обука на стручните лица во системот на социјална заштита,  е развивање на двете компоненти и се она што значи третманска услуга за сите категории,  особено оние помладите сопружници на кои им се потребни совети.  Разводот значи разделување на партнерите но,  никако не продолжување на родителствувањето, вклчучување  подеднакво на одговорноста кај двајцата родители.  Секој проблем што не дава можност и не нуди отвореност,  да може да се реши. Бракоразводот значи разделба. Онаму каде двајца возрасни партнери стигнале до разделба  мислам и дека ќе нема многу можност за да се прекине процесот што го започнале,“ рече директорката на Заводот за социјални дејности Скопје,  Татјана Ристова-Димова.

 

Таа нагласи дека во фокусот на стручните служби ќе бидат малолетничките бракови, но и бракови каде ќе може со совети да се постигне најдоброто за децата и да се продолжи со нивниот здрав психо-физички развој.