ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » ИЗМИНАТАТА НЕДДЕЛА ДЕЛЕГАЦИЈА ОД АЛМОПИА, РЕПУБЛИКА ГРЦИЈА ОСТВАРИ РАБОТНА ПОСЕТА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ВАНЧО АПОСТОЛОВ. ПРЕКУ ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ИПА ПРОГРАМТА ЗА ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА ТИЕ ЌЕ Г РАЗВИВААТ ПЧЕЛАРСТВОТО

ИЗМИНАТАТА НЕДДЕЛА ДЕЛЕГАЦИЈА ОД АЛМОПИА, РЕПУБЛИКА ГРЦИЈА ОСТВАРИ РАБОТНА ПОСЕТА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ВАНЧО АПОСТОЛОВ. ПРЕКУ ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ИПА ПРОГРАМТА ЗА ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА ТИЕ ЌЕ Г РАЗВИВААТ ПЧЕЛАРСТВОТО


Додадено на 19-02-2015 во НЕГОТИНО

Изминатата недела во работна посета на општина Неготино престојуваше четиричлена делегација од  Алмопиа Република Грација која беше предводена од градоначалникот Димитрис Мпинос. Покрај следењето на настаните  од празникот на лозарите, тие остварија и работна средба со градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов на која разменија предлози и мислења за остварување на идна меѓународна соработка помеѓу двете општини, како и за тековните активности кои се реализираат во рамки на отпочнувањето и спроведувањето на заедничкиот проект кој ќе се имплементира во рамки на ИПА- програмата „ Поддршка и развој на економијата за пчелно производство “ за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција. Претставниците на двете општини на остварената средба заклучија дека имаат големи можности и потенцијали за идна соработка и тоа во повеќе сфери, а разменија и корисни информации, како и предлози за натамошна соработка и партнерство меѓу општина Неготино и Алмопиа по основа и на други достапни програми.

Инаку, согласнот за имплементација на проектот претходно даде Советот на општина Неготино. Како што е предвидено, носител на проектот ќе биде општина Неготино, а општина Алмопиа ќе биде финансиски водечки партнер од Република Грција. За потребите за реализација на проектот ќе биде утврдено финансиско учество согласно потребите за кофинансирање на партнерите и за истото ќе се алоцираат средства од Буџетот на општина Неготино. Буџетот на одобренот проект од стрна на заедничкиот комитет за управување за носителот општина Неготино ќе изнесува 273,560 евра.