КНИГАТА ИГЛА И КОНЕЦ ЌЕ БИДЕ ПРЕТСТАВЕНА ПРЕД КАВАДАРЧАНИ
Промоција надвор од стандардите, може да се каже дека е поетско музички перформанс во кој се редат стиховите сраснати со песната во едно спонтано и посебно доживување. Вака накратко може да се најави утрешниот настан кој ќе се случи во галеријата на Домот на културата „ Иван Мазов Климе “ со почеток во 19 часот.
По излегувањето во печат на неговата прва збирка утревечер љубителите на поезијата ќе имаат можност да ја проследат промоцијата на неговата втора книга со наслов „ Игла и конец“. Како промотор на книгата „ Игла и конец“ најавена е Добрила Грашеска инаку позната како солистка на „ Чалгија саунд систем“ додека поезијата на Јанчевски ќе ја презентираат Зоран Тортевски, Мери Каровска и самиот автор Тихомир Јанчевски. Публиката утревечер во музичкиот дел ќе може да ужива во песната на Добрила Грашеска од „ Чалгија саунд систем“ потоа Зоран Тортевски и Данаил Данаилов од „ Хармосини“ машки хор кој го негува византискиот стил на хорско пеење и групата „ Од збор до збор“ на Тихомир Јанчевски. Останува препораката оваа поетско музичка дружба да не се пропушти особено ова важи за сите љубители на добрата музика и поезијата во интерпретација на група врвни македонски уметници.