ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » Летно сметање на времето – денот ќе трае подолго

Летно сметање на времето – денот ќе трае подолго


Додадено на 29-02-2016 во МАКЕДОНИЈА
Месецот март, кој започнува од утре ќе ни донесе и продолжување на денот. 
 
 
Последната недела од март, ќе имаме ново поместување на стрелките на часовникот, денот ќе добие 1 час повеќе, односно ќе се стемнува еден час подоцна. Оваа година последната недела од март е на 27ми. Тогаш во два по полноќ, стрелките на часовниците ќе ги помериме за еден час напред, што значи дека ќе спиеме еден час помалку, но затоа, ќе имаме еден час подолг ден, односно ќе се стемнува околу 19 часот.
 
 
Летно сметање на времето или летно време — договорено правило за пометување на часовниците така што попладнето да има повеќе дневна светлина, а за сметка на тоа утрата да бидат пократки. Вообичаено е часовниците да се поместуваат еден час нанапред на пролет, а да се враќаат еден час наназад на есен. Овој систем е предложен во 1905 г. од Вилијам Вилет, а првпат бил широко применет во 1916 г. како военовременска мерка насочена кон заштеда на јаглен. И покрај несогласувањата, многу земји го користат овој систем. Денес во Европа е прифатена конвенцијата летното сметање на времето да започнува во последната недела од март, а да завршува во последната недела на октомври. Во САД летното сметање започнува во втората недела на март, а завршува во првата недела на ноември. На јужната полутопка почетокот на летното време е обратен од северната. Уште од античко време луѓето користеле дневни распореди соодветни на годишните времиња. На пример, кај Римјаните должината на часот варирала: еден час траел 44 минути на денот на зимската краткоденица, а 75 минути на летната долгоденица. Нееднакво траењет на часот во лето и зима сѐ уште се употебува на некои традиционални места во светот, на пример во некои од манастирите на Света Гора. Во едно анонимно писмо, објавено во 1784., Бенџамин Франклин забележал дека парижаните штедат на свеќи така што стануваат порано во лето за да го искористат денот. Во 1905 г. англичанецот Вилијам Вилет го „измислил“ летното сметање на времето додека јавал на коњ едно прекрасно летно утро пред доручекот. Тој бил воодушевен од убавината на утрото и помислил дека е штета што поголемиот дел од лондончаните спијат во најубавото време од денот. Две години подоцна тој го објавил својот предлог, но идејата била прифатена за првпат во Британија дури на 30. април 1916 г. Во САД летното сметање на времето започнало од 31 март 1918 г. Во Македонија, како дел од СФРЈ, летното сметање на времето се користи од 1983 г., а од 1996 г. е регулирано со Закон за сметање на времето.