ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » СО ПРОЕКТОТ МАКЕДОНИЈА ВРАБОТУВА 1 ВО ОПШТИНА НЕГОТИНО ВРАБОТЕНИ 156 ЛИЦА

СО ПРОЕКТОТ МАКЕДОНИЈА ВРАБОТУВА 1 ВО ОПШТИНА НЕГОТИНО ВРАБОТЕНИ 156 ЛИЦА


Додадено на 04-07-2016 во НЕГОТИНО

„ Во општина Неготино остварена е целта на проектот „Македонија вработува 1“ за придвижување на економијата и забрзано отворање и создавање нови работни места во приватниот сектор преку финансиска поддршка од државата за намалување на трошоците за вработување на невработени лица од различни возрасни групи“-информира раководителот на Центарот за вработување во Неготино Кристина Чадамова поткрепувајќи ја оваа констатација со следните факти. За период од една година од стартот на овој проект, во општина Неготино преку „Македонија вработува 1“ се вработиле вкупно 156 лица, а по возрасна структура: до 29 години 71 лице, од 35 до 50 години 28 лица, на возраст над 50 години се вработиле 39 лица, од ранливите категории 2 и над 58 години 16 лица.

Инаку, на државно ниво оваа програма на Македонија и донесе 19.000 нови вработувања со користење на мерката од страна на повеќе од 10.000 компании, што пак придонесе само преку овој проект стапката на невработеност во земјава да се намали за 2,8 проценти. Деновиве пак стартуваше и проектот „Македонија вработува 2“ кој ќе трае во наредните 12 месеци кој е уште една голема шанса за компаниите да отворат нови работни места со намалени трошоци, а невработените да си најдат работно место. Сите заинтересирани фирми кои го исполнуваат основниот цензус-да не го намалиле бројот на вработените заклучно со мај и да ги имаат платено сите придонеси и даноци, веќе можат да аплицираат за новата Владина програма „ Македонија вработува 2 “ – вели Чадамова.