ФИЛМОТ ТРИ ДЕНА ВО СЕПТЕМВРИ ПРЕМИЕРНО ВО КАВАДАРЦИ
Дебитантското филмско остварување на режисерот Даријан Пејовски филмот „Три дена во септември“ кој светската премиера ја имаше на годинашниов Филмски фестивал во Монтреал од вечерва па се до среда ќе имаат можност да го видат и кавадаречкитен љубители на филмот.
Во филмот играат актерите: Ирена Ристиќ, Адем Карага, Милица Стојанова и Салаетин Билал. Филмот е снимен во 2014 година на локациите Скопје ,, Пресма и националниот парк Јасен во копродукција на Иконе студио од Косово, а е подржан од страна на Агенцијата за филм на Република Македонија и Косовскиот филмски центар. „Три дена во септември“ е приказна за две комплетно различни жени кои по игра на судбината се приморани да си помагаат една на друга. Билетите по цена од 80 денари ќе бидат пуштени во продажба час и половина пред проекцијата на билетарата во Домот на културата „ Иван Мазов Климе“ додека сите проекции се со почеток во 19 часот и 30 минути.