10 ЗНАЦИ ДЕКА СВЕКРВАТА ВЕ САКА
Свекрвите често се етикетирани како наметливи, а снаите како површни и неспособни. Сепак, колку лошо и да звучи оваа поделба, има убави примери кои покажуваат дека трудот од двете страни сепак може да се исплати. Што е најинтересно, многу лесно ќе откриете дали свекрвата ве сака или не. Еве неколку знаци кои ги откриваат нејзините симпатии.
1. Ве сака близу до себе
Правилото за пристојно поздравување секогаш важи, но ако таа постојано ве прегрнува и започнува разговор, на добар пат сте. Ако мајката на вашиот партнер сака да ве научи некој нов рецепт, а таткото ве вика да испиете по некоја пијачка, голема е веројатноста дека сте посакувани во тој дом.
2. Добивате подароци
Ако се сеќава на вашиот роденден или за празниците ве радува со по некое убаво спакувано пакетче, тоа дефинитивно е добар знак дека сте ја освоиле.
3. Секогаш сте поканети
Кога неговите роднини слават роденден или слава, неговата мајка секогаш ве известува и кани на собирот? Очигледно е дека и се допаѓате и сака да ве претстави пред семејството.
4. Ве вклучува во семејните приказни и споделува семејни тајни пред вас
Важно е да се чувствувате вклучено во нивниот живот. Ако свекрвата со вас сподели некоја семејна тајна, би требало да бидете почестени и да ја заклучите длабоко во себе.
5. На ваша страна е
Без разлика на тоа што нејзиниот син е миленикот, ако ве слушне дека сте незадоволни од нешто, знае да застане во ваша одбрана. Почитувајте го тоа, ретки среќници сте.
6. Ви пишува пораки и ви се јавува
Без посебна причина. Тоа е најголемиот комплимент кој можете да го добиете.