ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » 10 ПЛАНИНАРИ НА СПАОК СЕ ИСКАЧИЈА НА ВРВОТ ЛИСЕЦ

10 ПЛАНИНАРИ НА СПАОК СЕ ИСКАЧИЈА НА ВРВОТ ЛИСЕЦ


Додадено на 22-03-2016 во НЕГОТИНО

Дека се успешни во тоа што го работат покажаа уште еднаш планинарите на СПАОК „ Антигонеа- Нег “ од Неготино искачувајќи се на највисокиот врв на планината Плачковица, врвот Лисец. Имено, викендов десеттина планинари на ова неготинско планинарско друштво успеаја да се искачат на еден од повисоките врвови на Осоговскиот планински масив, врвот Лисец висок 1754 метри н.в.

„ На ова искачување бевме 10 планинари, а пешачевме околу шест ипол часа. Маршутата ја започнавме од планинарскиот дом Џумаја, а главната цел ни беше Лисец. Прекрасна природа, прекрасни панорами, предвесници на пролетта се на се можам слободно да кажам дека Плачковица е една од поубавите планини во Македонија со многу убава природа. еден дел од патеката се протегаше веднаш до реката Лумија. Одлична комбинација од планинска река и густа шума. Времето беше сончево и погодно за искачување , а пред врвот скоро час и половина газевме по снег кој  на некои места достигнуваше и до 20 цм.“- вели претседателот на планинарското Александар Гичовски.

Инаку, планината Плачковица е дури 20 по височина од 38 планини во Република Македонија и 5 по височина во источниот дел од државата. Со долината на Зрновска река, Плачковица речиси симетрично е поделена на два дела источен и западен. Западниот дел е нешто понизок со највисок врв Туртел 1689 м.н.в, а источниот дел е повисок и на него се врвовите Лисец 1754 м, Чупино брдо 1725м, Бел Камен 1707 м и други. Врвот Лисец е највисок на планината, а од него се протега инзореден панорамски видик кон околните подрачја.