ПОЧЕТНА » КАВАДАРЦИ » 15. МАРТ 2016 ГОДИНА Е КРАЈНИОТ РОК ДО КОГА ГРАЃАНИТЕ ЌЕ МОЖАТ ДА СКЛУЧАТ ДОГОВОР ЗА ОГРЕВНО ДРВО ОД ШУМСКОТО СТОПАНСТВО БОР ПО ИСТИТЕ ЦЕНИ КАКО И МИНАТАТА ГОДИНА А ОД ОВАА ГОДИНА ЗА ЛИЦАТА ОД СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИ КАТЕГОРИИ ЦЕНАТА ЌЕ БИДЕ ЗА 10 ОТСТО

15. МАРТ 2016 ГОДИНА Е КРАЈНИОТ РОК ДО КОГА ГРАЃАНИТЕ ЌЕ МОЖАТ ДА СКЛУЧАТ ДОГОВОР ЗА ОГРЕВНО ДРВО ОД ШУМСКОТО СТОПАНСТВО БОР ПО ИСТИТЕ ЦЕНИ КАКО И МИНАТАТА ГОДИНА А ОД ОВАА ГОДИНА ЗА ЛИЦАТА ОД СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИ КАТЕГОРИИ ЦЕНАТА ЌЕ БИДЕ ЗА 10 ОТСТО


Додадено на 15-01-2016 во КАВАДАРЦИ

Потребите на граѓаните во Кавадарци и Росоман за огревно дрво во 2016 година се проценува дека ќе изнесуваат околу 40 000 метри просторно дрво од кои Шуското стопанство „Бор“ ќе може да обезбеди 28 000 метри просторно огревно дрво согласно планот за 2016 година а останатите количини грашаните ќе мора да ги набават од други  подружници  и приватни субјети.  Согласно јавниот повик што го објави Јавното претпријатие „Македонски шуми“   склучување на договори за продажба на техничко  дрво на правни субјети ќе се склучува до 15. Февруари како и за огревно дрво со правни субјекти, здруженија и синдикати. Важно е да се напомене дека продажбата на огревно дрво  на физички лица пензионери и инвалиди   ќе се одвива до 15 март па сите заинтересирани лица кои имаат намера да склучат договор за купопродажба на огревно дрво  за 2016 година  барањата да ги  достават надоцна до  овој термин бидејќи по истекот на овој рок  нема да се примаат нови барања.  И за оваа година ќе важат истите цени  по 2450 денари за метар просторно дрво даб и 2370 за бука со тоа што  лицата  од социјално ранливи категории се мисли на социјални случаи, лица со попреченост во развојот, деца без родители, самохрани родители, стечајни работници, семејства на бранители, членови од семејства на вработени кои загинале при работа дрвата же моќе да ги набават со 10 отсто пониска цена и на осум наместо на пет рати. За да може да се изврши навремена испорака на огревно дрво до граѓаните и правните субјкети во Шумското  стопанство бор се вработини нови 20 сечачи  а се прават напори да се  оспособи постојната механизација и  возем парк .