1663 БАРАЊА ЗА ИН ВИТРО ЗА 10 МЕСЕЦИ
1.663 барања за ин витро оплодување за 10 месеци стигнале до Фондот за здравствено осигурувањена Македонија. Од нив 1.499 се за прво дете а 164 од барањата се за второ дете. 827 од барањата за прво и 121 за второ дете позитивно веќе се решени. Во постапка се 658 за прво и 41 за второ дете. Одбиени се барања на 13 подносители, а на второстепена комисија по претходно поднесена жалба се 3 барања. По добивање на ваучерот од ФЗОМ, осигуреното лице со упат од матичниот гинеколог одбира една од здравствените установи со кои Фондот има договор за БПО. На располагање ги имаат: ПЗУ Специјалистичка ординација по гинекологија и акушерство „Плодност“ од Битола, приватна болница „Аџибадем Систина“– Скопје, Општа болница РЕМЕДИКА – Скопје, Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, Специјалистичка ординација по гинекологија и акушерство „Ултрамедика“ Скопје, Специјална болница по гинекологија и акушерство „Свети Лазар хоспитал“ Скопје и Поликлиника Д-р ОРГАНЏИСКИ – Штип.