ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » 2015 НАЈЖЕШКА ГОДИНА ДОСЕГА

2015 НАЈЖЕШКА ГОДИНА ДОСЕГА


Додадено на 24-12-2015 во МАКЕДОНИЈА

2015 ќе ја запаметиме како најжешка во историјата, велат научниците.  Од кога се мери глобалната температура не е забележано потопло време, а гледано низ месеците одделно, последниот ноември е исто така со највисоки температури до сега. Периодот од јануари до ноември е најтоплиот уште од 1880 година, а мошне интересен е податокот дека 13 од 14-те најтопли години досега, се регистрирани  во 21. век. Овие високи температури научниците веруваат дека се последица на глобалното затоплување на Земјата, а најголемиот дел од научната заедница верува дека климатските промени се предизвикани или во најмала рака забрзани од постапките на човекот. Времето во светот следната година најверојатно ќе биде подеднакво топло и потопло од 2015-тата, што би значело дека тоа ќе биде најтоплата година досега, соопшти Британскиот метеоролошки институт, пренесува „Дневни Аваз“. Според прогнозите, глобалната средна температура во 2016-тата би требало да биде поголема за о,72 до 0, 96 степени Целзиусови во однос на просечните 14 степени Целзиусови од периодот од 1961 до 1990 година. Според прогнозите, може да се насети дека до крајот на 2016-тата ќе имаме три последователни рекордни или речиси рекордни години на пораст на глобалната температура, прогнозираат од Британскиот метеоролошки институт. Порастот на температурата се должи на глобалното затоплување. Од британскиот метеоролошки институт велат дека прогнозите се засноваат на клучните двигатели на глобалната клима, но тука не се вклучени непредвидливите настани, како што се големите вулкански ерупции, што може да придонесат за привремени заладување. Стручњаците и во Македонија веќе ја кажаа својата оценка. Климатските промени негативно влијаат врз земјоделските култури. Најмногу на удар се грозјето и доматите.