ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » 23 планинари од СПАОК Антигонеа-нег од Неготино викендов го одбележаа со бројни активности

23 планинари од СПАОК Антигонеа-нег од Неготино викендов го одбележаа со бројни активности


Додадено на 15-12-2015 во НЕГОТИНО

Од 11 до 13 декември, 23 планинари од СПАОК,, Антигонеа-нег ” од Неготино  на покана од TД(туристическо дружество) Рилски Турист од Самоков, Р.Бугарија, беа нивни гости и заеднички направија низа  од планинарски активности. 

„ Нашите планинари, од страна на домаќините имаа организиран претстој и посета на планински предели  во околината Боровец. Акциите коишто ги изведовме заедно со планинарите од Самоков беа поделени на три нивоа.  Првите две опфаќаа планинарење проткаено со многу живописни  места, убави зимски пејзажи, прекрасна планинска шума. Планинарите пешачеа по 6  часа по патеки коишто се маркирани од ТД ,,Рилски турист “. На места  снегот достигнуваше висина и од 30 см.  Ова се специјализирани  планинарски патеки коишто планинарите од Самоков ги имаат подготвено за презентација на убавините на Боровец – истакна членот на СПАОК,,Антигонеа-нег”- Ивица Јуришиќ.

Третата и најтешка планинарска акција којашто за Неготинци ја приредија домаќините од Самоков, била зимско искачување на највисокиот врв на Балканот, врвот Мусала со 2925 м.н.в.  Јуришиќ информираше дека дека зимското искачување на Мусала се одвивало во тешки зимски услови со температура до -12 степени и  снег којшто на некои места достигнувал височина и од 1 метар.Стартот на оваа акција бил од местото Царска Бистица на 1450 м.н.в.. а  планинарите пешачеле 9 часа за да го постигнат овој успех.


Висинско искачување на патеката изнесувало 1500 м.н.в.Овој успех за Антигонеа го постигнаа Ивица Јуришиќ, Ѓорѓи Трајков, Љупче Николов и Петре Пецов-Скаче. Треба да се одбележи  и искачувањето на Орце Донов којшто стигна до 2600 м.н.в , но поради повреда морал да се откаже од целосното освојување на врвот.  Од друштвото раскажаа за беспрекорната организација на домаќиниот, за којашто се многу благодарни . Во текот на тридневниот претстој во Бугарија, планинарите од Антигонеа  ја вкусиле и традиционалната бугарска кујна , подготвена од домаќините.

 На крајот од програмскиот дел на оваа организација била организирана заедничка завршна средба на којашто се договарале идните планови за заеднички активности на интернационално ниво и продолжување на успешната соработка помеѓу друштвата.

Следна заедничка активност на двата збратимени клубови од Неготино и Самоков ,  со којашто ќе се стави крај  на една од најуспешните години од постоењето на  СПАОК „ Антигонеа “  е акцијата којашто овој викенд ќе се одвива на највисокиот врв на Шар Планина, Титов врв со надморска височина од 2747. Зимското искачување на Титов врв се организира традиционално секоја година,  а оваа година ќе се случува по 11 пат.