3 ДЕКЕМВРИ „ ОТВОРЕН ДЕН СО КАТАСТАРОТ “ ВО НЕГОТИНО
Агенцијата за катастар на недвижности секоја година традиционално организира отворени денови со граѓаните во подрачните одделенија, а во тие рамки во четврток на 03-ти декември „Отворен ден со катастарот“ ќе се одржи и во Неготино. На денот на одржувањето на овој настан во нашиот град најавено е присуство на стручни тимови од Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија кои заедно со вработените од неготинскиот катастар ќе им бидат на располагање на сите заинтересирани граѓани да одговорат на нивните прашања или да им помогнат во решавањето на евентуални проблеми. Отворениот ден со катастарот во Неготино во четврток ќе се одржи во времето од 09,00 до 17,00 часот.