ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » 31-ви јули краен рок за подмирување на закупнината за земјоделско земјиште

31-ви јули краен рок за подмирување на закупнината за земјоделско земјиште


Додадено на 27-07-2016 во НЕГОТИНО

Раководителот на Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од Неготино Златко Пенков ги потсетува и апелира до сите земјоделски производители од општините Неготино и Демир Капија кои имаат склучено договори за закуп на земјоделско земјиште да ја подмират закупнината за изминатата 2015-та година најдоцна до 31-ви јули, кога е последниот рок за тоа и кој нема да биде продолжен. Пенков додава дека сите заинтересирани земјоделци кои користат земјиште под закуп за подетални информации можат да се обратат во Подрачната единица на Министерството за земјоделие во Неготино секој работен ден во времето од 08,30 до 16,30 часот, а информации можат да се добијат и на телефонскиот број 043-365-421.

Извор: неготиноинфо.мк