Apple подготвува нов по мал Iphone
Американската компанија „Епл“ подготвува на есен на пазарот да претстави нов помал АјФон, со послаби карактеристики и цена од околу 250 евра.
Аналитичарите како потврда за тоа дека Епл работи на евтин смартфон ја наведуваат изјавата на првиот човек на компанијата Тим Кук дека сака да ги направи уредите подостапни.
Се очекува новиот модел да биде достапен во повеќе бои. Од хардверот најверојатно ќе биде опремен со А5 процесор и камера од пет мегапиксели.
Според неколку извори евтиниот АјФон ќе има екран со големин од 3,5 инчи, што значи дека Епл се враќа на оригиналното пакување на телефони.
Моделот е првенствено наменет за пазарите во развој како Бразил, Индија, Кина и некои други држави во Африка.