ПОЧЕТНА » ЗАБАВА » Facebook со нов тајмлајн?!

Facebook со нов тајмлајн?!


Додадено на 02-11-2012 во ЗАБАВА

Се проширија информации дека  Фејсбук ќе го промени дизајнот на Тајмлајн, како реакција на незадоволството од корисниците.

Според порталот „mashable“, социјалната мрежа тестира нов дизајн, кој има само една колона, од левата страна, додека десната е резервирана за статусите на пријателите, чатот, известувањата и другите информации за корисниците.

Сето ова во моментот е во експериментална фаза, а од Фејсбук не сакале да коментираат. Како и да е додека да стартуваат евентуалните промени останува актуелниот тајмлајн.