ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » MВР ВОВЕДУВА ЦРВЕНО КОПЧЕ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ КРИМИНАЛ

MВР ВОВЕДУВА ЦРВЕНО КОПЧЕ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ КРИМИНАЛ


Додадено на 09-02-2015 во МАКЕДОНИЈА

МВР воведува црвено копче за пријавување криминал. Преку интернет апликација на страницата на Министерството за внатрешни работи граѓаните ќе можат да дојавуваат за случаи на злоупотреба на деца,  трговија со луѓе, криминал од омраза или повикување на насилство.

Бидејќи се работи за сериозни сомненија , можни се злоупотреби. Но, од МВР уверуваат дека секоја намерна злоупотреба на апликацијата ќе биде дополнително истражена и соодветно санкционирана. По секоја доставена информација односно активирање на црвеното копче, таа ќе биде земена во работа од соодветната единица на МВР. Со оваа можност за он- лајн пријавување на дела не престанува можноста за информирање на МВР и на досегашните начини на пријавување преку телефонските броеви 192 и било кој друг контакт за алармирање во итни ситуации.