АВРМ ОБЈАВИ ЈАВЕН ОГЛАС ЗА НЕВРАБОТЕНИТЕ ЛИЦА ОД НЕГОТИНО
Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои активно бараат работа и своето вработување сакаат да го решат со финансиска поддршка преку Програмата за самовработување, да се пријават во работните клубови на центрите за вработување на АВРМ каде редовно се евидентираат како невработени лица.Се охрабруваат младите невработени лица кои активно бараат работа своето вработување да го решат со финансиска поддршка преку Програмата за самовработување.
Програмата Самовработување нема да поддржува основање на бизнис во:
- земјоделска дејност, односно дејност од cектор А/А, Оддел 01 – растително и животинско производство, лов и услужни дејности поврзани за нив;
- трговија на големо и дистрибуција;
- пpоизводство и дистрибуција на оружје;
- финансиски и осигурителни бизниси и активности кои вклучуваат игри на среќа;
- бизниси од областа на транспортот (такси превоз);
- активности поврзани со недвижнини;
- консултантски услуги;
1. Финансиската поддршка опфаќа обезбедување на:
− експертска поддршка во форма на обука за претприемништвото и водење бизнис, ваучер систем за изработка на бизнис план и поддршка при регистрирање на бизнисите во висина од 16.600,00 денари;
− финансиска и советодавна поддршка за набавка на опрема и/или репроматеријали во висина од 185.000,00 денари;
− финансиска и советодавна поддршка за набавка на опрема и/или репроматеријали во висина од 257.000,00 денари за најуспешните кандидати кои ќе презентираат одржливи и иновативни бизнис-планови и согласно критериумите за евалуација се оценети за бизниси кои имаат најголем потенцијал за раст;
− финансиска поддршка за дополнително вработено лице во вид на опрема и/или материјали во износ од 92.000,00 денари за кандидати кои ќе презентираат одржлив бизнис план, кој јасно укажува на потреба од вработување на уште 1 (едно) лице за успешно функционирање на бизнисот, но и преку економски и финансиски параметри ја потврдува одржливоста на дополнителното вработување;
Лицето кое ќе биде вработено со дополнителниот грант треба да биде исто така невработено лица активен барател на работа .
- Доколку некој од најуспешните кандидати со иновативни бизнис планови предвидуваат дополнителни вработување и при тоа од комисијата нивниот бизнис план е селектиран меѓу најуспешните бизнис планови, на овие кориснци ќе им се одобри и дополнителен грант од 92.000,00 денари. Во тој случај, вкупната поддршка за набавка на опрема и/или материјали ќе изнесува 349.000,00 денари
- Приоритет за вклучување во Програмата ќе имаат невработените лица кои првпат аплицираат за користење на грант.
2. Лицата кои ќе ги искористат средствата за набавка на опрема и/или материјали преку Програмата Самовработување, не може да се вратат во евиденцијата на невработени лица до истекот на рокот на договорот или се додека не го врати долгот произлезен од непочитување на одредбите во Договорот.
Ако фирмата основана со грант за самовработување престане со својата дејност, основачот/грантистот е должен да врати: 80 проценти од грантот, доколку дејноста престане во рок од една година од регистрацијата на фирмата или 60 проценти од грантот, доколку дејноста престане во рок од две години од регистрацијата на фирмата.
3. Заинтересираните невработени лица од точка 1 на овој Јавен оглас, пријави можат да поднесат најдоцна до 05.02. 2016 година во работните клубови на 30-те центри за вработување во РМ.
4. Условите, правата и обврските поконкретно ќе бидат уредени со склучување на договор на невработените лица со АВРМ и УНДП.
Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија, контакт центарот 02-3298-297 и веб страните www.avrm.gov.mk и www.samovrabotuvanje.mk.