АКТИВНОСТИ ВО ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР ПОРАКА НЕГОТИНО
Додадено на 03-12-2015 во НЕГОТИНО
Како дел од активностите на Проектот за подобрување на социјализацијата на лицата со посебни потреби, Дневниот центар за лица со ментален хендикеп „ Порака “ Неготино изминатиот период беше посетен од претставници на ОО Црвен Крст Кавадарци, Дневниот центар за лица со посебни потреби и посебните паралелки од ООУ „ Страшо Пинџур “ од Кавадарци. Целта на оваа посета беше запознавање и воспоставување контакти за понатамошна соработка, а корисниците поминаа едночасовно друшење со многу меа и песна.