АКТИВНОСТИ СОУ СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ НЕГОТИНО
Бројни активности изминатиот месец реализираше СОУ „ Св Кирил и Методиј “ Неготино. Во рамки на својот наставен план за работа годишни екскурзии и еднодневни посети, вчера средношколци од неготинската гимназија го посетија Музејот на град Неготино каде од одговорните во Музејот добија значајни информации за работата на истиот а ги разгледаа и поставките изложени токму таму.
Средношколци заедно со професорите по историја ја посетија и изложбата „ Ана Франк- историја за денес “ која беше отворена во Музејот на град Неготино, на која низ повеќе паноа беа претставени детали за животот на малата Ана и нејзиното семејство во време на Втората светска војна. изминатиот период беше реализирана еднодневна екскурзија до излетничкото место Антигона. Екскурзијата имаше Образовно - рекреативна цел (час по Историја) -совладување, проширување на знаења и историски значајности на локалитетот кој е посетен, непосредно запознавање на природната и општествената средина, запознавање со културно-историските знаменитости, развивање интерес за природата и градење еколошки навики во согласност со воспитнообразовната работа на училиштето. Вклучени во реализација на активноста беа наставниците по Историја, класните раководители, предметни наставници, стручна служба и сите ученици.
Во неготинското средно училиште беше одржана тридневна Тренинг- симулација ВИЗИИ И ЖЕЛБИ ЗА ЕВРОПА, МОДЕЛ НА ИДНИНАТА НА ЕВРОПА во соработка со фондацијата Конард Аденауер со преставништво во Скопје. На Тренинг- симулацијата учество земаа околу 40 ученици од II, III и IV година од училиштето. Тренинг- симулацијата беше успешно реализирана од страна на учениците, при што на крајот од симулацијата добија и сертификати за учество на истата.
Во рамките на проектот Меѓуетничка интеграција во образованието беше реализиран ОТВОРЕН ЧАС по предметот Македонски јазик и литература, во кој учествуваа учениците од 1 година (билингвална паралелка) под менторство на м-р проф. Маја Тефова. Час чија цел е доближување на теоријата на литературата до учениците и нејзино прифаќање преку литературните родови и видови.
Во месец април СОУ Св „Кирил и Методиј" - Неготино беше домаќин на регионалното првенство во ракомет каде се покажа како одличен домаќин. Регионалниот турнир заврши со позитивен исход на екипите од Прилеп и Струга кои ја покажаа својата умешност и продолжуваат на Гимназијадата која ќе се одржи во Куманово.
Училиштето и учениците од завршните години беа посетени неколку високо образовни институции, факултети кои со нивна презентација придонесуваат за полесна одлука за понатамошното образование на матурантите од неготинското средно училиште. Исто така, матурантите од училиштето присуствуваа на Отворениот ден на Економскиот Факултет во Прилеп и Меѓународниот Славјански Универзитет – Битола каде имале можност да се запознаат со студиските програми и активно се вклучиле во организираните работилници по маркетинг менаџмент, безбедност и здравје при работа, правни науки и психологија, а за истото добија Сертификат за учество на воведна обука, во зависност од областа која учениците ја одбраа.
Во училиштето и понатаму се работи на проектот Заедничка грижа за правилно насочување на учениците и се реализираат активности согласно проектот за Меѓуетничка Интеграција во Образованието.