Акција за поубав ден на пензионерите во Д. Дисан
По повод Неделата на стари и изнемоштени лица, Здружението на пензионери Неготино во соработка со Здружението на дијабетичари и Црвениот крст, денеска им мереше крвен притисок и шеќер во крвта на пензионерите во неготинското село Д. Дисан.
После завршувањето на акцијата со мерење шеќер во крвта, Здружението на пензионери посети и неколку домови во селото каде што живеат поизнемоштени пензионери на коишто им донесоа храна и други подароци.
- Целта е да ја обележиме неделата на стари и изнемоштени лица, но нашите активности продолжуваат во текот на целата година. Се надеваме дека со овој гест ќе им го разубавиме денот на пензионерите – вели претседателот на Здружението на пензионери Неготино.
Неготинското здружение на пензионери изминативе денови оствари повеќе акции со коишто ја обележа Неделата на стари и изнемоштени лица.
Елена Данова