АПРИЛИЈАДА 2015 ВО НЕГОТИНО
Маскирани принцези, пеперутки, доктори, самовили, пчелички,бетмени, спајдермени, витези, невести, индијанци, каубојци... Ова беа дел од маските кои денеска продефилираа низ неготинските улици во рамки на манифестацијата „ Априлијада 2015 “.
Точно напладне во 12 часот поворката маскирани дечиња тргна од градскиот стадион во Неготино и се движеше по главната улица за навремено и безбедно да стигне до градскиот плоштад каде се одржа централната манифестација. Исто како и на претходните априлијади и на овогодинешната априлијада учество земаа дечињата од двата клона на детската градинка „ Фемо Кулаков “, ученици од двете основни училишта и средното општинско училиште во Неготино.
Централната манифестација започна со песнички за ветрето развигорче, среќата и здравата храна испеани од најмладите од детската градинка „ Фемо Кулаков “ па потоа со свои хумористични, денс точки се преставија и учениците од двете основни училишта од Неготино. Убавото време ги привлече неготинци да излезат во голем број и да ја проследат целокупната богата програма која се случуваше на централното подрачје. Овогодинешната априлијада 2015 беше во организација на општина Неготино.
Инаку, денот на шегата се прославува секоја година на 1 април во најразлични земји во светот. 1 април не е национален празник но секаде е признат и се прославува како ден кога многумина прават разни шеги на туѓа сметка.