ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » АСФАЛТИРАНА НАЈОШТЕТЕНАТА УЛИЦА ВО СЕЛО КРИВОЛАК

АСФАЛТИРАНА НАЈОШТЕТЕНАТА УЛИЦА ВО СЕЛО КРИВОЛАК


Додадено на 19-07-2016 во НЕГОТИНО

По реконструкцијата и асфалтирањето на патниот правец од Неготино до село Криволак општина Неготино асфалтираше уште една улица, која беше во многу лоша состојба и беше една од најоштетените улици во селото.

„ Во текот на вчерашниот ден стручни екипи и машини ја асфалтираа една од најоштетените улици во село Криволак  во должина од околу 300 метри, која им правеше многу проблеми на жителите кои живеат но и поминуваат по неа. Асфалтирањето не беше во програмата, но гледајќи ја лошата состојба во која се наоѓаше со останатиот асфалт од патот Неготино- Криволак ја асфалтиравме и оваа улица. Следна цел е асфалтирање и на дуги улици во селото но и тампонирање на сите улици во населените места во општина Неготино на кои ќе биде користен гребениот асфалт од предвидената реконструкција на делницата од Неготино до Демир Капија. “- истакна градоначалникот Ванчо Апостолов.

Задоволни од асфалтирањето се и жителите што конечно им се решил еден од најголемите проблеми.

„ Асфалтирањето на оваа улица е најголемо нешто што во селото е направено. На почетокот од улицата има базен за наводнување за целото село, а кога ќе дојде до преливање на водата истата истекува по патот и завршува на истиот при што мораме да газиме по кал “- велат жители на Криволак.