ПОЧЕТНА » СПОРТ » Б92: ЕК констатира значителен напредок во Македонија, има надеж и за решавање на името!

Б92: ЕК констатира значителен напредок во Македонија, има надеж и за решавање на името!


Додадено на 22-10-2012 во СПОРТ

Европската комисија смета дека реформите во Македонија значително напредуваат. Се надеваме дека оваа година ќе може да оствариме суштински напредок за европската програма на Македонија. Има надеж и за напредок во решавање на спорот меѓу Атина и Скопје за користење на името Македонија, објавува Б-92 пренесувајќи изјава на официјален претставник на ЕК во Брисел во пресрет на објавувањето на годишните извештаи за земјите-кандидати за членство во ЕУ.

 

 

Тој истакнал дека во Македонија има голем успех и во примената на Охридскиот рамковен договор, учеството на Албанците во власта, а го посочил и укинувањето на кривичната одговорност за клевета во медиумите, како и реформата што е спроведена во областа на правосудството.

Во врска со спорот меѓу Атина и Скопје, претставникот на ЕК надежта за напредок во решавањето на спорот ја гледа во тоа што македонските власти, како што вели, поволно реагирале на минатонеделниот грчки Меморандум во кој се содржани предлози за решавање на долгогодишниот спор. Тоа, вели, за Атина е услов да се согласи Македонија да почне преговори за прием во Европската унија.