ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » БАДНИКАРСКИ ОГАН ВО НЕГОТИНО

БАДНИКАРСКИ ОГАН ВО НЕГОТИНО


Додадено на 05-01-2015 во НЕГОТИНО

Во пресрет на утрешното празнување на Бадник, верниците во сите населени места вечерва палат бадникарски оган. Бадникарскиот оган вечерва се пали како почеток на чествувањата пред големиот празник - Христовото раѓање за кој се верува дека го симболизира загревањето на пештерата кај Витлеем, во која се родил Исус.

Наспроти празнувањето на Бадник и Божиќ, Општина Неготино традиционално како и минатите години и вечерва организира прослава со палење Бадников оган. Централниот настан ќе се одржи на градскиот пазар во Неготино , на кој ќе присуствуваат сите заинтересирани граѓани, кумот од минатогодишната бадникарска прослава, свештено лице од МПЦ Св. Атанасиј од Неготино како и градоначалникот Ванчо Апсотолов. Според традицијата, свештеното лице ја благословува погачата која ја носи минатогодишниот кум, а на оној на кого ќе му се падне паричка ќе биде следниот кум на бадникарскиот оган следната година. Според старата македонска традиција, вечерта пред Бадник се дочекува надвор, крај оган, со чашка греена ракија во рацете, со погача, со македонски песни и ора, со желби за здравје и бериќет.