БАДНИКАРСКИ ОГАН ГОРЕШЕ И ВО НЕГОТИНО
Со голем Бадников оган, пригодни посни јадења и весела музика, граѓаните од општина Неготино синоќа го почнаа чествувањето на двата големи христијански празници Бадник и Христовото раѓање-Божиќ кое според верувањата го симболизира загревањето на пештерата кај Витлеем во која се родил Исус.
На централната прослава која се одржа на градскиот пазар во Неготино, во пресрет на денешниот празник Бадник и Божиќ, градоначалникот Ванчо Апостолов, свештено лице од МПЦ Св. Атанасиј и голем број граѓани се собраа и ги проследија традиционалните обичаи. Кршење на погача со паричка, светење на вода и предавање на кумство. Според традицијата, свештено лице ја благословува погачата која ја носи минатогодишниот кум, а на оној на кој ќе му се падне ќе биде кум следната година. Старата македонска традиција вели , вечерта пред Бадник се дочекува надвор, крај оган, со чашка греена ракија во рацете, со погача, со македонски песни и ора, со желби за здравје и бериќет