БАЛКАНСКИ КУЛТУРНИ СРЕДБИ
Во организација на Центарот за култура „ Ацо Ѓорчев “ од Неготино утре, сабота 30 јули ќе се одржи традиционалната манифестација Балкански културни средби. И оваа манифестација е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија. Традиционалниот ликовен хепенинг „ Балкански културни средби “ ќе се одржи во прекрасниот манастирски комплекс „ Свети Ѓорѓи “ Неготино каде десеттина уметници ќе творат на отворено.
Уметничките дела на учесниците на овој балкански ликовен хепенинг ќе бидат изложени истиот ден во фоајето на неготинскиот центар за култура со почеток од 20,00 часот. Од Центарот за култура ги покануваат сите љубители на уметноста да појдат и да ги погледнат делата од оваа шестта по ред традиционална манифестација.
Од Центарот за култура додаваат дека целта на оваа манифестација е уметниците учесници да се дружат, да разменат искуства и соработка на овие простори.