ПОЧЕТНА » СПОРТ » Белорусите стравуваат, судиите би можеле да го решат дуелот со Металург !!!

Белорусите стравуваат, судиите би можеле да го решат дуелот со Металург !!!


Додадено на 27-02-2013 во СПОРТ

 

Откако во текот на вчерашниот ден се одржа ждрепката во Виена за осмина финалните пресметки во ракометната Лига на шампиони, Металург го доби условно кажано, посакуваниот противник за оваа фаза од натпреварувањето.

 

Избраниците на Лино Червар во рамките на осмина финалето од ракометната Лига на шампиони ќе ги одмерат своите сили со белорускиот претставник Динамо Минкс, екипа којашто и е  добро позната на нашата ракометна јавност.

 

Од таборот на белорускиот клуб велат дека не се баш најзадоволни од ждрепката поради тоа што човекот којшто одлучува кој ќе ја дели правдата на овие натпревари е Македонец.

 

-Дали сум задоволен од противникот? Не знам што да одговорам, навистина не знам. Можеби би можел да бидам задоволен поради тоа што не го добивме Кил за противник, односно не добивме некој тим од врвните европски лиги, но постои друга сериозниа причина за загриженост. Имено, човекот којшто е на чело на судискиот комитет на ЕХФ е Македонец, Се работи за Драган Начевски и тој одлучува кои судии кој натпревар ќе го судат. Се надевам дека ваквата коинциденција ќе нема никаков ефект врз конечниот исход од овој двомеч, но со оглед на тоа дека реваншот го играме во Скопје сигурно дека ќе треба да се земе в предвид и овој факт – изјави тренерот на Динмао Минск Сергеј Бебешко за рускиот спортски портал Пресбал.

 

Првиот натпревар од двомечот помеѓу Металург и Динамо Минск ќе се одигра во Белорусија, но се уште не е познато точно на кој ден (13-17 март), а реваншот ќе се одигра седум дена подоцна во СЦ Борис Трајковски.