БЕНДОТ ФРАЈЛЕ СПЕЦИЈАЛЕН ГОСТИН НА КОНЦЕРТОТ НА ЖЕЉКО БЕБЕК ВО СКОПЈЕ
Новосадската извонредната женска атракција, групата „Фрајле“ ќе биде специјален гостин на концертот на Жељко Бебек со симфониски и тамбурашки оркестар во Скопје. Со огромната посетеност на нивниот официјален YouTube канал, тие ги поместија границите не само на нивните кавер свирки, туку и на музичката сцена на нашите простори.
Освен по извонредната интерпретација, овие дами се познати и по својот кабаретски изглед со уникатна костимографија, кои ги истакнуваат и изразуваат нивниот вкус и индивидуалност.
Бендот кој е основан во 2009 година, го сочинуваат четирите дами: Марија Мирковиќ, Наташа Михајловиќ, Невена и Јелена Буча. Со формирањето на групата, овие новосадски музичарки одлучуваат да ги здружат своите сили и талент и за помалку од една година доживуваат неверојатен успех. Минатата година „Фрајле“ ја завршија со спектакуларни концерти во Белград и во Нови Сад.