ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » БЕСПЛАТНИ ОБУКИ ЗА СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ И КОМПЈУТЕРСКИ ВЕШТИНИ ЗА НМЛАДИ 29 ГОДИНИ

БЕСПЛАТНИ ОБУКИ ЗА СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ И КОМПЈУТЕРСКИ ВЕШТИНИ ЗА НМЛАДИ 29 ГОДИНИ


Додадено на 18-03-2016 во МАКЕДОНИЈА

Веќе се распишани огласи на кои може да аплицираат младите лица до 29 годишна возраст кои се водат како невработени, активни баратели во Агенцијата за вработување. Со огласите е предвидено да бидат опфатени  2000 млади лица до 29 години, односно  1000 млади лица кои ќе добијат обуки за основни компјутерски вештини и 1000 млади лица за обуки на странски јазици.

Право на користење на овие бесплатни обуки имаат младите лица до 29 годишна возраст кои се активни баратели на работа, со завршено минимум средно образование. Заинтересираните лица кои ќе достават апликации до АВРМ ќе може да изучуваат без никаков трошок еден од трите странски јазици, англиски, германски и француски, или пак да стекнат основни компјутерски вештини.