Бесплатни услуги во библиотеките за лицата во социјален ризик
Сите услуги кои ги даваат библиотеките, за лицата во социјален ризик да бидат бесплатни, предвидува одлуката што Владата ја донела на вчерашната седница.
- Во насока на поддршка на социјално ранливите категории, Владата на вчерашната седница одлучи сите услуги кои ги даваат библиотеките, за лицата со социјален ризик да се бесплатни. Ова значи дека бесплатно ќе биде зачленувањето, посетувањето на библиотеките, искористувањето на книгите и дигиталните содржини во нив, истакна на денешната прес-конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Со ова, додаде, се дава поддршка на унапредување на знаењата и вештините на овие лица, нивното образование и културен живот.