Бизнисмените бараат во кафеаните да се пуши по 21 часот, да се зголеми летниот распуст
Угостителските локали да работат до 2 часот по полноќ во нив да се пуши по 21 часот, а училишниот распост да трае од 15 јуни до 15 септември. Ваква предлог мерка до Владата доставиле претставиците на Туристичко-угостителската комора при Сојузот на Стопански комори во рамките на тардиционалниот заеднички појадок со претставниците на економскиот тим на Владата и премиерот Никола Груевски.
Угостителите ваквиот предлог го доставиле за како што велат, да се подобри туристичката понуда во Македонија, да се продолжи времетраењето на туристичката сезона и да се зголемат приходите од туризмот.
Тие предлагаат во кафеаните да се пуши по 21 часот а во тој период да не се служи храна и влезот за малолетниците да биде забранет.
Премиерот Груевски заедно со оваа денеска прими над 70 предлог мерки од бизнис секотрот