БИРОТО ЗА РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ ГО ОДОБРИ УРЕДУВАЊЕТО НА СПОМЕН-КОСТУРНИЦАТА ВО НЕГОТИНО
На иницијатива на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, Центарот за развој на Вардарскиот плански регион до Бирото за регионален развој аплицираше со проектот за одобрување на средства за уредување на просторот околу Спомен-костурницата во Неготино“ со единствена цел оваа локација која со години наназад е запуштена да се уреди и да стане пријатно место каде што голем број неготинци дел од своето слободно време ќе можат да го поминуваат во одмор и релаксација.
На задоволство на локалната самоуправа, Бирото за регионален развој го одбри проектот по што е спроведена и јавна набавка која е завршена со потпишување на договор со соодветниот понудувач „ Друштвото за производство, трговија и градежни услуги „ Делта пром инг дооел “ од Велес. Како што се утврдени обврските според пресметките, обврска на општина Неготино е завршување на подготвителните работи, за да може избраната фирма изведувач на работите да започне со реализацијата на предвидените проектни активности на терен. Со проектот предвидено е уредување на спомен Костурницата во Неготино кое ќе се врши преку изработка и поставување на урбана опрема, куќичка со мост, рампа и лостови за играње на деца, парковски подвижни клупи, вртелешка, лулашки, елементи за опрема и игралишта за одбојка, кошарка и играње шах на отворено, а со проектот е превидена и изградба на фонтана на овој простор. Вкупниот буџет е проектиран на 967 600 денари од кои од Министерството се очекуваат 758 783 денари, а општина Неготино ќе обезбеди 208 817 денари. Инаку, спомен Костурницата во Неготино е споменик изграден со обелиск од 6 метри. Во приземјето се наоѓаат моштите на загинатите борци од 1941-1945 година од Неготино чиј автор е Илија Ханџиски, академик вајар од Скопје.