ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » БК НЕГОТИНО ДЕЛ ОД ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО БОРЕЊЕ ЗА КАДЕТИ ВО РАДОВИШ

БК НЕГОТИНО ДЕЛ ОД ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО БОРЕЊЕ ЗА КАДЕТИ ВО РАДОВИШ


Додадено на 17-06-2016 во НЕГОТИНО

Деновиве Радовиш беше домаќин на Државното првенство во борење-слободен стил за кадети на кое настапија борачи од 8 клубови од Република Македонија меѓу кои и од Борачкиот клуб „Неготино“. На првенството неготинскиот клуб беше претставуван од четворица борачи кои во своите категории остварија одлични резултати во мошне силна конкуренција. Така, први места освоија Иле Буровски во категоријата до 63 килограми и Мартин Ѓорѓиев во категоријата до 100 кг. додека Усеин Мечов во истата категорија беше второпласиран, а Јане Буровски во категоријата до 63 килограми го освои третото место. Во екипна конкуренција екипата на БК„Неготино“ го освои одличното второ место на Државното првенство, првопласирана беше Лирија од Скопје, а третото место му припадна на тимот на Бучим од Радовиш. Како што сме информирани, ова беше и последен тест за македонските борачи пред одржувањето на престојното Европско првенство за кадети кое ќе се одржи на 19-ти јули во Стокхолм, Шведска.