ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » БОЛНИ ДЕЧИЊА ГИ НАПОЛНИЈА БОЛНИЦИТЕ ВО ЗЕМЈАВА

БОЛНИ ДЕЧИЊА ГИ НАПОЛНИЈА БОЛНИЦИТЕ ВО ЗЕМЈАВА


Додадено на 11-01-2016 во МАКЕДОНИЈА

Променливото време, лошата исхрана и загадувањето на воздухот деновиве ги наполнија болниците. Стручните медицински лица истакнуваат дека болни дечиња има насекаде во земјава. поради променливите временски услови лекарите велат дека разболувањата имаат се поголем интензитет и апелираат до родителите да посветат  поголемо внимание на имунитетот на децата и здравиот начин на исхрана. Најчесто кај дечињата се јавува губење апетит, висока температура која на крај може да заврши и до пневмонија- велат лекарите. Покрај вирусните заболувања забележани се и бактериски и алергиски заболувања како резултат на променливата температура и загадениот воздух.

Податоците на лекарите велат дека најбројјни се хроничните болни пациенти и деца на возраст до 10 години. од таму истакнваат дека зимскиот распуст во училиштата и градинките дејствуваат позитивно за целосно лекување на децата и затоа апелираат подобрување на имунитетот на децата со внесување на многу течности, овошје и зеленчук. при излегување од дома да се заштитат соодветно со топла зимска облека, поголема физичка активност како и заштита од мешање на здрави и болни дечиња бидејќи вирусите многу лесно се пренесуваат.