Бони Тајлер ќе ја претставува Британија на Евровизија
На годинешниот избор за песна на Евровизија кој ќе се одржи во Малме во Шведска, Велика Британија ќе ја претставува некогашната поп ѕвезда Бони Тајлер.
Велшката поп пејачка Тајлер, која во седумдесетите и осумдесетите години се прослави со неколку светски хитови,на Евровизија ќе ја пее песната "Belive in Me" што за неа ја направи американскиот композитор Дезмонд Чајлд.
Тој и порано има работено со Тајлер,а има компонирано песни за Бон Џови и за Рики Мартин.
Автори на текстот за британската евровизиска песна се Лорен Кристи и Кристофер Брајд.
Бони Тајлер која сега има 61 година изјави дека е почестена од одлуката таа да ја претставува британската музика на фестивалот на Евровизија.
- Многу сум почестена и задоволна што јас ке ја претставувам Велика Британија во Шведска, изјави Тајлер,објаснувајки дека избраната песна е многу убава.
Минатата година, британската музика ја претставуваше еден друг ветеран и поранешна поп ѕвезда, 76 годишниот Инглберт Хампердинк кој при гласањето во финалето доби само 12 гласови.