БРОЈНИ АКТИВНОСТИ НА ГРАДИНКАТА ФЕМО КУЛАКОВ- НЕГОТИНО
Најмладите членови корисници на Детската градинка „ Фемо Кулаков “ од Неготино продолжуваат со бројните активности во градинката заеднички со своите родители и целокупниот предучилишно- воспитно образовен тим. Имено, во петок 11 декември со почеток од 9,30 часот, во просториите на двата клона на детската градинка во Неготино ќе биде спроведена работилница на која се покануваат сите родители да дојдат и да ја покажат својата креативност во изработката на играчки од рециклиран материјал ( хартија, пластични шишиња итн). Од градинката велат дека обврска на родителите е да одвојат малку време за да го израдуваат своето дете, да понесат од дома отпаден материјал кој не им е потребен а ќе може да послужи во самата изработка на играчките и малку креативност за изработка на истите. Инаку, и годинава неготинската детска градинка ќе ја организира претставата за испраќање на старата и дочекување на Новата Година. Оваа година во претставата покрај дечињата и воспитниот тим заеднички учество ќе земат и родителите на дечињата кои ја посетуваат градинката. Од 14 декември во детската градинка „ Фемо Кулаков “ Неготино започнува и хуманитарната акција „ Ангелско дрво “ во која секој родител кој сака може да донира пакетче за дечињата од социјално загрозените семејства, а со земање на ангелче ќе може да донира новогодишно пакетче, а откако ќе се заврши со целокупната активност истите ќе им бидат дадени на дечињата од ранливите категории односно на дечиња од социјално згрозените семејства.