БРОЈНИ НАГРАДИ ЗА ООУ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ НЕГОТИНО
Бројни успеси за учениците од ООУ „ Гоце Дечев “ Неготино на општинските, регионалните и државните натпревари. Имено, на општинскиот натпревар по англиски јазик кој се одржа во ООУ „ Тоде Хаџи Тефов “ Кавадарци под менторство на настаникот по англиски јазик Весна Чукнева ученикот Александар Петров го освои третто место, а своите знаења ќе ги покаже и на регионалниот натпревар кој следува.
На регионалниот натпревар по македонски јазик кој во саботата на 26 март се одржа во ОУ ,, Добри Даскалов”- Кавадарци, ученичката Марија Цветкова од 9 одделение под менторство на наставничката по македонски јазик Канита Гичовска го освои второто место. На натпреварот учество земаа и ученици од општините: Неготино, Велес, Росоман, Кавадарци, Гевгелија, Дојран, Валандово, Богданци и Демир Капија. Освојувајќи го второто место ученичката Марија Цветкова си обезбеди пласман и учество на државниот натпревар по македонски јазик кој ќе се одржи на 16 април годинава. ООУ „ Гоце Делчев “ зема учество и на Државниот напревар во француски јазик диктат кој се спроведе во просториите на филолошкиот факултет „ Блаже Конески “ во Скопје, каде ученичката од деветто одделение Бранкица Апостолова под менторство на наставник Елизабета Трпковска го освои првото место. Од неготинското училиште Гоце Делчев се задоволни од успесите на учениците и ветуваат дека и во следниот период ќе учествуваат на бројни натпревари и достојно ќе го претставуваат училиштето а воедно и општина Неготино.