ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » БРОЈНИ НАГРАДИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ НА ООМУ ВЛАДИМИР АРСОВСКИ НЕГОТИНО

БРОЈНИ НАГРАДИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ НА ООМУ ВЛАДИМИР АРСОВСКИ НЕГОТИНО


Додадено на 25-03-2016 во НЕГОТИНО

Бројни награди освоија 4 ученички на ООМУ „ Владимир Арсовски “ од Неготино на Меѓународниот натпревар „ Полихимнија “ за камерна музика и флејта кој изминатата недела се одржа во Скопје.

Дуетот Барбара Вељкова пијано и Бојана Ристова виолина ја освоија првата награда, а дуетот две виолини Бранкица Апостолова и Цветанка Пасинечка ја освоија третата награда. Истиот ден  наставниците Менка Богоевска и Емилија Кабаранова Филипова и неуморните ученички Барбара Вељкова и Бојана Ристова отпатуваа за општина Аранѓеловац, Србија каде земаа учество на Деветтиот меѓународен музички фестивал Аранѓеловац 2016.

Во категорија соло клавир Барбара Вељкова под менторство на наставник Емилија Кабранова Филипова во силна конкуренција ја освои првата награда, додека Бојана Ристова под менторство на наставник Менка Богоевска во категорија соло виолина ја освои третата награда.

Инаку, 9 Меѓународен музички фестивал „ Аранѓеловац “ беше организиран од страна на Основната музичка школа „ Петар Илиќ “, а учество земаа над 200 натпреварувачи распоредени по возраст и се натпреваруваа во 4 категории, 3 категории инструменти клавир, виолина и хармоника и категорија соло пеење. Неготинските ученички Бојана и Барбара велат дека ваквите награди се уште еден поттик за вложување повеќе труд и работа и освојување на уште многу вакви награди.