ВАНЕ БОШЕВ ДЕЛ ОД ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ АУТДОР ФЕСТИВАЛ 2016
Изминатиот викенд општина Демир Капија беше место каде се одвиваа активности во духот на спортот. Покрај бројните учесници на манифестацијата Интернационален аутдор фестивал 2016, значаен белег за општина Неготино остави и младиот планинар, третто одделенецот Ване Бошев. Ване зема учество на фестивалот во три категории и тоа учествуваше во трката на 1500 метри, учествуваше во спортското искачување во 4 насоки, а учество зема и во активноста брзо искачување на дрво преку скали изработени на јаже.
Ване Бошев учествуваше на минатогодишниот интернационалниот аудоор фестивал кој се одржуваше во Демир Капија каде за прв пат се натпреваруваше во дисциплината слободно качување ( алпинизам ) и како најмлад учесник на фестивалот го освои првото место и се закити со златен медал.
Инаку, осум и пол годишниот Бошев планинари од неполни три години и досега има освоено над шеесет планински врвови во земјава и странство, а на седум и пол години го освои и Триглав. За своите активности има добиено и бројни признанија за планинарство. Имено, во септември младиот Бошев ќе се обиде да го искачи врвот Чукспитзе во Германија со надморска височина од 2.963 метри, а најголем предизвик за него досега ќе претставува освојувањето на врвот Гросвенедигер во Република Австрија на 3.673 метри надморска височина и доколку успее, тоа ќе биде освојување на највисокиот врв во неговата кариера- вели неговиот татко Орданче.