ВАНЕ БОШЕВ НА ПРИЕМ КАЈ ДИРЕКТОРОТ НА АМС МАРЈАН СПАСЕВСКИ
Најмладиот планинар на Македонија третто одделенецот Ване Бошев од Неготино вчера беше на прием кај директорот на Ангенцијата за млади и спорт на Македонија Марјан Спасевски. Поводот за посетата била најавата за следните искачувања на Бошев на врвовите Гросвендигер во Австрија висок 3666 метри н.в, Чугшпице висок 2962 м.н.в и Алспиц висок 2628 м.н.в во Германија.
„ Ване периодов интензивно се подготвува за искачување на овие врвови. На 5 август треба да го искачи највисокиот врв во Германија, врвот Цугшпице. Доколку успее Ване ќе биде првиот балканец кој на негова возраст успеал да го искачи овој врв. На неговата агенда се и третиот врв п височина во Германија врвот Алспиц и врвот Гросвендигер, висок 3.666 метри надморска височина. Доколку ги искаче овие врвови, Ване ќе постигне нов личен рекорд и ќе го постигне неговиот најголем успех, но и успех на Македонија, бидејќи ќе биде првиот македонец но и балканец кој на деветгодишна возраст се искачил токму на тие врвови- вели неговиот татко Орданче Бошев.
Следна цел е на 10 години да се качи на врвот Мон Блан, највисокиот врв во Западна Европа, висок 4.808 метри надморска височина и да биде најмладиот на кој му успеало тоа.
Инаку, патувањето најавено за Август годинава, доаѓа по успешните Триглав, Мусала, Мангарт и Мајстровка кои го ставија Ване Бошев на врвот на листата за најголема надеж во Македонското планинарство. Сите овие успеси не останаа незабележани од страна на Агенцијата за млади и спорт, кои уште минатата година го ставија на листата на најмладите спортисти, добитници на стипендијата „ Спортска надеж ”.