ВАНЕ БОШЕВ ОСВОИ ДВА ВРВА ВО АЛБАНИЈА
Младиот осум ипол годишен планинар на планинарското друштво „ Неготино МКД “ Ване Бошев од Неготино изминатиот период во спомен на прерано загинатиот претседател на Република Македонија Борис Трајковски и неговите соработници искачи два врва во соседна Албанија.
„ Станува збор за врвот „ Гарови “со 2.694 метри надморска височина и „Мали Гарови“, со 2.564 метри надморска височина кој ги искачивме заедно и планинари од планинарските друштва „Елбасан“ и „Томор” од градот Берат во Албанија- вели Орданче Бошев.
Бошев планинари од неполни три години и досега има освоено над педесет планински врвови во земјава и странство, а на седум и пол години го освои и Триглав. Има добиено и бројни признанија за планинарство.
Имено, во септември младиот Бошев ќе се обиде да го искачи врвот Чукспитзе во Германија со надморска височина од 2.963 метри, а најголем предизвик за него досега ќе претставува освојувањето на врвот Гросвенедигер во Република Австрија на 3.673 метри надморска височина и доколку успее, тоа ќе биде освојување на највисокиот врв во неговата кариера- вели неговиот татко Орданче.