Василица во Неготино
Спроведувањето на Василичарските обичаи има долгогодишна традиција на подрачјето на општина Неготино, а негувањето на истите продолжува секоја година.
Така ќе биде и оваа година благодарение на настанот насловен како “Василичарски обичаи” што го организира и ќе го реализира Националната установа Центар за култура “Ацо Ѓорчев” од Неготино, со поддршка на ентузијасти кои активно ќе бидат вклучени во настанот.
Централната манифестација ќе биде во понеделник на 14-ти овој месец и ќе се реализира на бината лоцирана на градскиот плоштад во Неготино со почеток од 12 часот, а со свои маски ќе се претстават голем број граѓани кои за тоа благовремено се пријавија кај организаторот на настанот.