ВЕВЧАНИ ПОДГОТВЕНО ЗА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ КАРНЕВАЛ
Вевчани се подготвува за традиционалниот карневал за доаѓањето на Новата година според стариот календар, кој со богата програма ќе трае од 9 до 14 јануари. Во тие денови ќе има промоции, перфонманси, настап на КУД „ Дримкол “ и концерти на музички групи, а централен настан ќе биде карневалската поворка која ќе заврши со палење на маските на 14 јануари, кога и завршува и Вевчанскиот каневал.
Главната музичка програма ќе се одржи на 12 и 13 јануари. на 12 јануари ќе настапи македонскиот бенд „ Супрехикс “ а од регионот звезда на годишната манифестација ќе биде хрватскиот бенд „ Прљаво казалиште “, кој во Вевчани ќе ги отпее своите најпознати хитови. Музичката програма на 13 јануари ќе ја предводи етногрупата „ Љубојна “ со Вера Милишевска- Јосифовска и Оливер Јосифовски, а Вевчански карневал таа вечер ќе ги забавува фолк-пејачката Елена Велевска. Стара нова година- Василица ќе биде пречекана со голем огномет. Вевчанскиот карневал е меѓу најпознатите на Балканот кој се негува повеќе од 1400 години, а настанот секоја година го посетуваат повеќе од 50.000 гости од Македонија и од странство.