ВЕЛИГДЕНСКА КРЕАТИВНА РАБОТИЛНИЦА ВО ЦК АЦО ЃОРЧЕВ НЕГОТИНО
Во рамки на одбележувањето на најголемиот христијански празник Христовото Воскресение, и годинава Центарот за култура „ Ацо Ѓорчев “ од Неготино ќе го одбележи со бројни настани. Имено, денеска во галеријата на Центарот за култура се одржа креативна ликовна работилница за бојадисување на велигденски јајца.
На оваа работилница учество земаа ученици од двете основни училишта во Неготино, Гоце Делчев и Страшо Пинџур кои со свои замисли, идеи ги декорираа овогодинешните велигденски јајца.
Во рамки на одбележување на празникот и годинава Центарот за култура „ Ацо Ѓорчев “ од Неготино заедно со поддршка на Министерствот за култура ќе ја организира традиционалната изложба насловена „ Велигден 2016 “ која ќе се случува во вторник,3 мај со почеток од 18 часот. За разлика од минатогодишните, на оваа велигденска изложба ќе бидат претставени рачни изработки на стари и везени работи, ќе бидат изложени и велигденските јајца кои учениците ги изработија денес, а ќе бидат одбрани и најдобрите три декорирани јајца од страна на стручно лице.
Оваа изложба која традиционално се одржува секоја година во неготинскиот центар за култура покрај велигденските изработки ќе биде збогатена и со културно уметничка програма, а посетена е од голем број граѓани од општина Неготино И овој пат Центарот за култура „ Ацо Ѓорчев “ ги поканува сите граѓани од општина Неготино да дојдат и да ја посетат оваа изложба и да уживаат во истата.